Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишува „Скај Спортс“ од редовите на Челси го избрале Дани Дринквотер како можна замена за Немања Матиќ кој вчера го комплетираше трансферот во Манчестер Јунајтед.
И покрај тоа што „сините“ го обезбедија потписот на Тему Бакајоко од Монако Конте сака да го засили средниот ред со уште еден искусен играч.
Дринквотер минатата сезона потпиша нов четиригодишен договор со Лестер, па се очекува „Лисиците“ да бараат поголема оштета за Англичанецот.
Покјра Дринквотер, на радарот на Челси е и Рос Баркли кој речиси сигурно ќе го напушти Евертон ова лето.