Челси во искушение: Реал Мадрид нуди две ѕвезди за Азар?!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Реал Мадрид нема да се откаже од ѕвездата на Челси, Еден Азар, па ќе се обиде и зимава да го ангажира во Шпанија, а за тоа имаат подготвено интересен план.

„Дејли Стар“ пишува дека „кралевите“ се подготвени да понудат двајца фудбалери за Белгиецот. Иско е еден од фудбалерите, кои треба да се преселат во Лондон, а исто така Матео Ковачиќ би требало да остане во редовите на лондонскиот гигант.

Очигледно Реал не бира повеќе средства за да го добие потписот на Белгиецот, па понуди примамлива понуда за „сините“, кои најверојатно наскоро ќе донесат конечна одлука.

Инаку, Азар и Челси досега преговараа за нов договор, но двете страни не успеаа да потпишат нова соработка.