Челси во тик так позиција: Времето тече, кој ќе ја добие битката за големото тренерско име…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси ќе мора веднаш да реагира ако го сака Зидан.

Имено, тој ги постави своите услови, во клубот и натаму не веруваат дека Сари е решение за подолг период, особено ако не успее да стигне до Лигата на шампионите.

За потсетување, Французинот не беше расположен да го наследи Мурињо, за Челси повеќе поголем интерес, но и Јувентус е во игра.

Се почести се најавите дека Алегри заминува, на патот кон петтата титула е, но неговиот учинок се мери врз база на Лигата на шампионите. А тука Јувентус не е во завидна позиција, за десеттина дена ќе ја бркаат передноста на Атлетико од 2:0.

Поради тоа Алегри веројатно сака да замине, бидејќи чувствува дека во клубот ќе му замерат ако со Роналдо не стигне далеку, иако двапати играше во финалето на Лигата на шампионите.

Тој има понуди од Англија и веројатно Шпанија, ги деактивираше социјалните мрежи, навредите од навивачите на Јувентус по поразот од Атлетико станаа неподносливи.

Има договор уште една сезона, Јувентус нема да го смени секако, но Алегри самиот сака да замине. Зидан е логична замена со оглед на минатото во Јувентус, па Челси би морал брзо да реагира. Сепак, се чини дека тие, ако навистина постои повик од Јувентус немаат многу шанси, со оглед на тоа дека Зидан сака повторно да работи со Роналдо, а постои и можност да пристигнат Иско и Марсело.