Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Челси ќе се обиде да го искористи застојот во преговорите за нов договор и во јануари да го донесе дефанзивецот на Рома, Костас Манолас.
Како што е наведено, англискиот клуб го обновил интересот за грчкиот играч и ќе му понуди повеќе од 47,000 евра неделно, колку што Рома може максимално да му понуди за продолжување на соработката.
Манолас во моментов е еден од најмалку платените играчи во првиот тим на Рома и поради тоа бара неделна плата од 57,000 евра. Договорот му истекува во 2019. година, а менаџерот Антонио Конте беше заинтересиран и минатото лето, но Рома одби да го продаде.
Тој е член на римскиот клуб веќе три сезони, а пред Рома настапуваше за Олимпијакос, АЕК и Трасивулос.