Челси го испрати својот напаѓач на позајмица!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанскиот клуб Гетафе го заврши трансферот на напаѓачот Луис Реми од Челси.

Реми во првиот дел од сезоната играше во Лас Палмас, каде што беше најдобар стрелец со шест голови на 13 натпревари, но на неговите услуги тренерот на шпанскиот клуб не сметаше повеќе и тој мораше да се пресели.

Во претходните недели интерес покажаа Леванте и голем број турски клубови, но Французинот заврши во Гетафе на крајот.

Инаку, Гетафе во шпанското првенство е на деветто место со 28 освоени бодови.