Челси го победи Мидлзборо и дојде на чекор до титулата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси славеа вечерва на домашен терен против екипата на Милдзборо со 3:0 во рамките на 36 коло од англиската Премиер лига.

Беше ова натпревар да се биде или не за екипата на Мидлзборо, која на крајот испадна од лигата, додека Челси дојде на чекор од титулата.

Сините одиграа многу добро прво полувреме, па постигнаа два погодоци преку Диего Коста и Маркос Алонсо и веќе тогаш беше јасно дека треба да се случи вистинско чудо за Челси да не победи во овој меч.

Продолжението донесе очекувана игра од двете страни, Челси ја повлече рачната, а Мидлзборо немаше сила да направи пресврт.

Виден е уште еден погодок и тоа од страна на Немања Матиќ, за овој играч ова беше прв гол на Стенфорд Бриџ во кариерата.

Челси после оваа победа ја зголеми предноста во однос на Тотенхем на седум бодови и во наредното коло на гостин кај ВБА ќе имаат шанса да ја осигураат титулата шампион.

Од друга страна, Мидлзборо и математички испадна од лигата и тоа после само една сезона.