Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити го декласираше Челси со 6-0 на „Итихад“, па почнаа шпекулациите дека Маурицио Сари ќе добие отказ и се споменуваше Френк Лампард како решение за лондонскиот гигант.
Челси се надеваше дека може да го врати поранешниот фудбалер, но Англичанецот ја отфрли таа можност, зашто бил посветен на Дерби.
„Обложувалниците знаат често да згрешат. Ја следам ситуацијата во Челси и жал ми е поради тоа што се случи во неделата. Челси има тренер за кој имам позитивно мислење и според мене Сари треба да остане. Јас во моментов не размислувам за враќање и максимално сумс концентриран на Дерби“, вели Лампард.
Челси во понеделник игра против Манчестер јунајтед во петтата рунда во ФА-купот, а доколку загуби тоа би можело да значи крај за Сари на тренерското столче.