Челси има пеколен план: Сари нуди свој фудбалер и 20 милиони евра за ѕвезда на „кралевите“?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Маурицио Сари летово се пресели во Лондон, каде што го презема тимот на Челси и досега го предводи одлично бидејќи се наоѓаат во самиот врв на Премиерлигата.

Италијанскиот тренер сака дополнителни засилувања во јануари, па едно од нив би можело да пристигне од актуелниот европски шампион Реал Мадрид.

Челси, наводно, е заинтересиран за Марко Асенсио, за кого веќе подготвиле интересна понуда, односно 20 милиони евра плус Н’Голо Канте.

Сепак, „Дон Балон“ и останатите шпански медиуми пишуваат дека таквото сценарио е тешко остварливо бидејќи „кралевите“ сакаат дури 120 милиони евра за својот фудбалер.

Останува да видиме што ќе се случува во јануари и дали Сари ќе тргне по услугите на младиот и квалитетен фудбалер на „кралевите“.