Челси и Наполи со една нога во четвртфиналето од Лига Европа (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од 21 часот беа одиграни уште три натпревари од осминафиналето од Лигата на Европа.

Челси на домашен терен со лесни 3:0 го совлада Динамо Киев и така со една нога веќе е во четвртфиналето. Стрелци за „Сините“ беа Педро во 17. Вилиан во 65. и Худсон Одои во 90. минута од натпреварот.

Наполи исто  така беше феноменален против Салцбург и со ист резултат како Челси го совлада австрискиот претставник. Аркадиуш Милик и Руиз уште рано во првиот дел донесоа предност од 2:0, а конечниот резултат го постави Онгуене кој си постигна автогол.

Валенсија на „Месталја“ го совлада рускиот Красондар со минимални 2:1, па за пласман во следната фаза ќе мора да се помачи на гостувањето во Русија.