Челси конечно доби вистинско засилување на позицијата стопер


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Челси конечно влезе во одлична форма и Антонио Конте полека ја пронаоѓа вистинската комбинација на клупата на „Стемфорд Бриџ“.

    Напаѓачкиот дел на тимот игра одлично, а на стартот на сезоната единствениот проблем беше одбраната, каде што се забележи дека потребен е еден одличен стопер. Сините не имаа среќа бидејќи двата одлични стопери, Џон Тери и Курт Зума беа повредени, и го пропуштија речиси целиот дел од досегашната сезона, но ситуацијата околу нивните повреди се подобрува.

    Имено, младиот француски стопер, Курт Зума конечно се врати по повредата и забележи настап за У23 тимот на Челси. Од него се очекува наскоро да биде подготвен и да ја продолжи сезоната во првиот тим на Челси, а Антонио Конте очекува да го има на располагање веќе следната недела.