Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал во дербито од 23. коло од англиската Премиерлига на „Емирати“ го совлада Челси со 2-0.
Одличен натпревар одигра тимот на Унај Емери и на крајот запиша важни три бода, кои ги вратија во трката за пласман во Лигата на шампиони.
Арсенал во 13. минута стигна до водство преку Александер Лаказет, а конечните 2-0 ги псотави Лорен Кошчелни во 39. минута.
Челси во продолжението се обиде да се врати во мечот, но не успеа да го совлада Бернд Лено и загуби на крајот со 0-2.
Арсенал во моментов има 44 бодови, колку и Манчестер јунајтед, а Челси е пред нив и има три бода повеќе.