До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од редовите на Челси планираат да испратат дури 30 милиони фунти за да ги обезбедат услугите на крилниот фудбалер на Миделсбро, Адама Траоре.
Младиот шпански интернационалец оваа сезона на 36 натпревари во дресот на Миделсбро постигнал пет погодоци и запишал 12 асистенции.
Траоре е продукт на школата на Барселона, Ла Масија, а од Каталонија си замина најпрво во Астон Вила, а по испаѓањето на клубот од Премиер Лигата се пресели во Миделсбро каде минатата сезона исто така испадна од најелитното англиско натпреварување.













