Челси подготви многу изненадувања во чест на Џон Тери!

Фудбалерите на Челси денеска во последното коло играат против Сандарленд.

Денеска на Стемфорд Бриџ ќе се слави титула која Челси веќе уште пред неколку кола ја осигураше, а покрај тоа денеска навивачите ќе можат да го видат простувањето на Џон Тери од екипата на Челси.

Денеска на Стемфорд Бриџ за навивачите има панаѓур, пивото, водата како и соковите се бесплатни а бројот 26 ќе биде повлечен од употреба најверојатно во чест на Џон Тери.

Сеуште не е познато дали овде завршува фудбалската авантура на Џон Тери или не.