Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Челси се приклучи на неколкуте европски гиганти кои ги следат игрите на одличниот фудбалер на Херенвен, Арбер Зенели.
На 23 годишниот косовски интернационалец ќе му заврши договорот со холандскиот тим во летниот преоден рок, па ќе биде слободен во јануари за само пет милиони фунти.
Во недела луѓе од Галатасарај ќе заминат за Амстердам каде што ќе преговараат со претставниците на Зенели, но „Скај Спортс“ пренесува дека лондонскиот клуб Челси сепак прв ќе стигне до потписот на репрезентативецот на Косово.
Арбер Зенели во досегашниот тек од сезоната во холандскиот шампионат има постигнато четири погодоци и запишано десет асистенции на вкупно 18 наптревари.