Челси презема драстични чекори: Азар повеќе нема да биде најплатен играч!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси, наводно, ги почнал преговорите со претставниците на францускиот играч Нголо Канте.

Канте е еден од најважните играчи на Челси, а посебно по пристигнувањето на тренерот Маурицио Сари.

Француските медиуми почнаа да шпекулираат дека Канте би можел да се пресели во ПСЖ, па „сините“ не сакаат да ризикуваат и му понудиле нов договор.

Французинот има уште три години од договорот со Челси, но наводно „сините“ му подготвуваат нов и тоа со подобрени услови, па би го направиле најплатен играч во моментов во екипата од Лондон.