Челси продава дури пет играчи до крајот на денешниот ден


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Клубот од Лондон вчера го потврди рекордниот трансфер кога се работи за голман откако го донесе Кепа Аризабалага за сума од 71 милиони фунти.

„Стемфорд Бриџ“ и официјално го напушти Тибо Куртоа, а „Скај Спортс“ пренесува дека денес, но и во следните денови уште пет звучни имиња ќе си заминат од Челси.

Тему Бакајоко е во напредни преговори со Милан каде би требало да замине како позајмен играч со право на откуп на договорот по крајот на оваа сезона. Дени Дринквотер се поврзува со трансфер во Вест Хем, Евертон, но и враќање во Лестер.

Англискиот репрезентативец Рубен Лофтус Чик би можел да се врати во Кристал Палас, повторно како позајмен фудбалер, а на излезните врати од „Стемфорд Бриџ“ е и Курт Зума за кого во последен момент интерес пројавил Манчестер Јунајтед.

Од клубот веројатно ќе си замине и напаѓачот Мичи Батсуаи за кого постои сериозен интерес од Валенсија, а пред трансфер во Бристол Сити е и младиот играч од одбраната, Џеј Дасилва.