Челси реши еден проблем: Педро останува до 2020. година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Педро го продолжи договорот со Челси на уште една година, па ќе остане кај „сините“ до 2020. година.

Во соопштението на клубот, Педро имаше важна улога во освојување на титулата во Премиерлигата и ФА Купот во претходните години.

„Задоволен сум во клубот, имам добри соиграчи и одлични навивачи. Важно ми е тоа што го продолжив договорот. Се чувствувам убаво тука и сакам да освојам нови трофеи“, кажа Педро.

Шпанецот меѓу „сините“ стигна во 2015. година, а во 131 настап постигна 28 голови.