Челси се огласи по казната која ја доби од ФИФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси доби забрана за регистрирање нови фудбалери од Светската фудбалска федерација (ФИФА) во наредните два преодни рока, па нема да може да ангажира нови фудбалери и тоа е голем проблем за лондонскиот тим.

Казната им е дадена затоа што клубот од „Стемфорд бриџ“ наводно нелегално потпишувал договори со млади фудбалери, а од клубот веднаш испратија соопштение.

„Челси денеска ја прими одлуката на Дисциплинскиот одбор на ФИФА за наводно кршење на правилникот, кој се однесува на меѓународни трансфериза фудбалери помлади од 18 години. Одлуката за забрана на трансфери во наредните два преодни рока и казната од 600.000 швајцарски франци не ја прифаќаме. Ние ќе поднесеме жалба на оваа одлука“, соопштија од клубот.

Доколку казната остане на сила, тоа би бил голем проблем за „сините“, кои не би можеле да ангажираат соодветни засилувања. А тие се соочуваат со опасност и од заминување на Еден Азар, на кој не би можеле да му ангажираат соодветна замена.