Челси се разделува со важен фудбалер – нема повеќе место на „Стемфорд бриџ“!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веќе одамна се шпекулира дека Гери Кејхил наскоро ќе го напушти Челси. За искусниот дефанзивец нема место ниту кај Маурицио Сари, па во јануари би можел да го напушти „Стемфорд бриџ“.

Гери Кејл сезонава одигра само 21 минута во Премиерлигата, а во Лига Европа одигра четири меча, но тоа не е доволно.

Последните шпекулации се дека би можел да се пресели во Фулам на „Кревен Котиџ“.

Клаудио Раниери, кој го презема Фулам, бара нови засилувања кои би можеле да му помогнат да остане во Премиерлигата.

Раниери би можел да ги искористи пријателите кои ги има во Челси, па така би му осигурал ефтино засилување на Фулам.