Челси со уште еден трансфер удар, Љоренте завршува кај нивниот ривал

Како што пренесуваат медиумите во Англија, Фернандо Љоренте ќе се пресели во редовите на Тотенхем, наместо во Челси кој беше најголем фаворит за неговиот потпис.

„Скај Спортс“ пишува дека Тотенхем и Свонси се договориле за оштетата на шпанскиот интеранционалец.

Речиси во целиот трансфер период се пишуваше дека Челси е фаворит за ангажман на Љоренте, а вчера излегоа информации дека трансферот  е пред реализација. Сепак, до тоа нема да дојде и Љоренте ќе го засили тимот на Тотенхем.