ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Како што пренесува „Daily Telegraph“, Челси ќе направи се што е потребно за да ги обнови договорите на Тибо Куртоа и Диего Коста.
Менаџерот на лондонскиот клуб, Антонио Конте веќе имал разговори со двајцата фудбалери, каде што им рекол дека се потпира на нив и дека сака да ги задржи подолго време на „Стемфорд Бриџ“.
Куртоа и Коста имаат договор со Челси до летото 2019. година, а до овој момент раководството на клубот не брзаше да започне преговори за нивно продолжување на договорите.
28-годишниот Коста пристигна во Челси во 2014. година и добива плата од 150,000 фунти неделно. Се очекува со новиот договор тој да добива по 200,000 фунти неделно.
Куртоа добива по 120,000 фунти неделно, а се очекува неговата неделна плата да биде зголемана за 50,000 фунти.