Челси ќе купува од Арсенал

Се очекува во следните неколку денови од таборот на Челси да започнат преговори со Арсенал за услугите на Алекс Окслејд Чемберлејн.

Репрезентативецот на Англија одбива да го продолжи договорот со „топчиите“, а ваквата ситуација сака да ја искористи Конте и да го доведе Чемберлејн во своите редови.

„Скај Спортс“ пренесува дека играчот оваа недела уште еднаш му потврдил на Венгер дека нема да го потпише договорот кој му е понуден од страна на Арсенал.

Се очекува Челси да започне преговори со Арсенал во следните 48 часа откако „топчиите“ ќе се вратат од својата претсезонска турнеа.