Червар – Им честитам на нашите херои


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија ремизираше против Исланд, 27:27 и во осмифиналето ќе играат против Норвешка.

Селекторот Лино Червар победата ја посвети на сите кои навиваа за Македонија.

„Им честитам на македонските ракометари, нашите херои. Честитки до фантастичната публика и сите кои навиваат за Македонија. Се извлековме без Миркуловски и Манасков и покажавме дека имаме големо македонско срце. Македонците не се предаваат никогаш. Ќе се напиеме пиво со ракометарите, па ќе мислиме на Норвешка“, изјави Червар.