Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот тренер и поранешен селектор на Македонија, Лино Червар има неплатен данок во Македонија од 20.000 евра.
Тој податок го објави УЈП на редовната месечна листа на должници, објавена на 10-ти март на која наведените даноци кои стигнаа до 30-ти ноември минатата година, а не се платени до 28 февруари оваа година.
Лино Червар, кој е уште тренер на Металург и има македонско државјанство, и претходно должеше пари. Во јуни 2015-та година неговото име се најде на листата затоа што немаше платено данок од 28.000 евра.
Червар ја напушти Македонија и го превзема тимот на Хрватска со кој претходно беше олимписки шампион.