Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден ден по болниот пораз од Германија со 21-22, селекторот Лино Червар ги сподели своите впечатоци од Келн и повтори неколку работи, кои ги кажа уште по вчерашната средба.
„Ограбни сме! Тоа се неверојатни одлуки на судиите. И Германците тоа го признаа. Не можев да спијам, исто како и ракометарите. Не беше едноставно во овие два дена. Останавме без неколку ракометари во текот на првенството, посебно без Циндриќ и потоа загубивме од Бразил. Сепак, треба да им дадеме почит на ракометарите, иако не успеавме да ја победиме Германија“, вели селекторот.
Исто така, Червар кажа дека заслужиле победа против Германија и дека сите треба тоа да го признаат, но неправдата нема лесно да ја заборават.