Честитка од претседателот Иванов до ЖРК Вардар за пласманот во финалето

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов му го честита пласманот на Вардар во финалето на лигата на шампионите.

„Сакам да ви го честитам денешниот успех и да ви посакам и утре да се изборите за уште една победа и да го остварите вашиот сон со нашата гордост Вардар.
Цела Македонија е со вас, играјте како и секогаш со срцето. Пренесете ги честитките на девојките од целата екипа и стручниот штаб“, се вели во честитката упатена до ракометниот клуб Вардар.