Четирите ѕвезди на Реал најавија КРАЈ ако пристигне Мурињо…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По катастрофалните резултати на Реал оваа сезона се чини дека Жозе Мурињо би можел повторно да се врати во клубот од Мадрид.

Португалецот го предводеше тимот од „Бернабеу“ во периодот од 2010. до 2013. година и во 178 натпревари оствари 128 победи и ја освои титулата во лигата и Купот на кралевите.

Реал ја загуби битката за трофеј на сите фронтови, во Примера заостануваат зад Барсечпма 12 бодови, во Купот на кралевите беа елиминирани од Барселона во полуфиналето, а конечниот удар им го зададе Ајакс изминатата седмица во Лигата на шампионите кога со победа од 4:1 на „Бернабеу“ го елиминираа Реал од ова натпреварување.

Сантијаго Солари без сомнеж ќе заработи отказ на крајот од сезоната, а Мурињо веќе е подготвен за враќање во Мадрид. Меѓутоа се чини дека не се сите среќни поради враќањето на Португалецот во Реал.

Дејли Меил пренесува дека капотенот на Реал, Серхио Рамос најавил дека ќе го напушти клубот доколку Мурињо се врати. Рамос се замори од јавните повици поради лошите игри од страна на Мурињо, и тоа во времето кога Португалецот го предводеше тимот од Мадрид.

Она што изненадува е што и Герет Бејл е против пристигнувањето на Мурињо во Реал, Мурињо во последните неколку сезони сакаше да го донесе Бејл во Манчестер Јунајтед,но не дојде до договор.

Долгогодишните ѕвезди на Реал, Марсело и Карим Бензема исто така го најавија своето заминување доколку пристигне Мурињо во Мадрид. Двајцата играчи се надеваат дека би можеле повторно да заиграат со Кристијано Роналдо во Јувентус.

Како што се наведува, сите четворица фудбалери разговарале со претседателот на Реал, Флорентино Перез кој им порачал дека нивното мислење нема да го земе предвид.

Така Перез испрати јасна порака до играчите, а доколку Мурињо се врати во Реал ќе видиме дали тие ќе ги исполнат своите „закани“ и ќе го напуштат Мадрид.