Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Штефан Крафт најави напад на втората победа на турнејата во Четири Скокалници. Беше најдобар во квалфикациите во Инсбрук.
Победникот од Оберстдорф и 3-от од Гармиш-Партенкирхен скокна 134 метри.
Лидерот на турнејата, Камил Штох ги пропушти квалификациите додека меѓу најдобрите 10 беше и еден од браќата Превц, односно Цене.
Бранителот на титулата на турнејата Петер Превц имаше 14-ти резултат во квалификациите, а лидерот во Светскиот куп, Домен Превц имаше 18-ти резултат.
Третото натпреварување на Четири скокалници е на програмата во среда од 14 часот.