Четири факти за 149-те поени на Голден Стејт


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Голден Стејт во средата го декласираа Лејкерс со 149:106.

    Тие постигнаа неверојатен број на поени, а притоа Кари, Томпсон и Грин не играа во последната ¼-на додека Дурант во неа играше само 5 минути.

    Кои интересни податоци го одбележаа тој натпревар?

    1. Само 4 играчи на Голден Стејт имаа 2-цифрен број на поени

    Кари постигна 31, Дурант 28, Томпсон 26 и Клар 21 поен. Сепак, сите освен Патрик Меко се запишаа во стрелците.

    Покрај тоа, триото Кари-Дурант-Томпсон постигна 85 поени во 83 минути.

    1. Голден Стејт имаа најмногу асистенции во еден натпревар во последните 25 натпревари

    Дури 47 – последен пат тоа му успеа на Феникс во натпреварот со Шарлот во 1991 година. Од 53 кошеви од игра, само 6 не беа по асистенција.

    1. Ниту еден тим не постигнал толку поени во натпревар без продолжение во последни 6 години

    Последен пат тоа беа Феникс во сезоната 2009/10, тие постигнаа 52. А единствен тим од тогаш кој успеа да постигне 149, дури по продолженија, е Оклахома. Тогаш Дурант постигна 40 поени за 52 минути.

    Тогаш на Оклахома и беа потребни 113 удари од игра за 149 поени, а Голден Стејт успеа да го направи тоа од само 86.

    1. Историски лоша одбрана на Лејкерс

    Пораз од -43 е 5-ти најубедлив во историјата, а примените 149 поени се 4-то најлошо постигнување во историјата.

    Тоа е втор најлош натпревар по дефанзивен рејтинг, а најголем ефективен процент на удари од игра на ривалот, како и најмногу асистенции на противникот уште од сезоната 1983/84.