Чеферин противник на ВАР


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Чеферин не се брза со воведувањето на видео технологијата во Лигата на шампионите.

Претседателот на УЕФА смета дека уште не се стекнати услови за експериментирање на ВАР во најдоброто клупско натпреварување.

„ Сакам ВАР да се воведе во Лигата на шампионите само кога ќе е најдобра опција. Видовме доста смешни ситуации во Англија и Германија. Ако го воведеме пред тестирањето тоа ќе донесе повеќе штета отколку корист. Нема потреба од избрзани одлуки.“ – рече Чеферин.

Оваа сабота на програмата е финалето во најелитното европско натпреварување помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.