Чех: Сакам да останам, но ќе видиме


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот голман на Арсенал, Петр Чех порача дека сака да остане на Емирати, иако неговата иднина во овој клуб не е толку извесна.

Неговиот договор истекуа на лето, а менаџерот Емери неодамна изјави дека не знае каква е судбината на овој 36 годишник.

Наспроти ова, ставот на искусниот голман е добро познат.

„Би сакал да останам во Арсенал, но тек е јануари. Сезоната е долга и не знам што ќе се случува“, рече Чех,  на кого Арсенал сеуште му нема понудено договор.

„Не сум под притисок што сеуште не ми е понуден нов договор. Ќе видиме што ќе се случува после преодниот рок. Знам што се очекува од мене и која е мојата работа“.

Петр Чех последниот меч во Премиер лигата го одигра уште на 29. септември против Ватфорд, кога и се повреди.