Чикаго ја продлабочи кризата на шампионот, Минесота беше убедлива!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чикаго минатата ноќ на домашен терен победија против Кливленд со 99:93 и така ја продлабочија кризата во која се наоѓа шампионот.

Ова беше 3-ти пораз по ред за нив и повторно го оставија првото место во Истокот на Бостон.

Кај Чикаго најдобар беше Миротиќ со 28 поени и 10 скокови, Батлер имаше 25 поени, 6 скокови и 5 асистенции, а Валентин додаде 12 поени.

Кај Кливленд најдобар беше Џејмс кој постигна 26 поени и 10 скокови. Иривнг постигна 20, а Томспон 15 поени.

Минесота на домашен терен победи против Лејкерс. Кај нив најдобар беше Рубио со 33 поени, 10 асистенции и 5 скокови, а Таунс постигна 32 поени и 9 скокови.

Во дресот на Лејкерс најдобар Кларксон кој постигна 18 поени, а следуваат Блек со 15 и Расел со 14 поени.