Чичарито во јануари си заминува од Вест Хем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Хавиер Ернандез Чичарито веројатно ќе си замине од тимот на Вест Хем овој јануари.

За мексиканскиот репрезентативец наводно се поинтензивно се распрашувал тимот на Валенсија кој сака да го види Чичарито во својот тим.

Во Валенсија воопшто не се снајде Мичи Батсуаи кој е на позајмица од Челси, па во првиот месец од годината веројатно неговата позајмица ќе биде прекината.

30 годишниот  напаѓач оваа сезона на 15 натпревари постигна вкупно пет гола за тимот на Вест Хем во сите конкуренции во Англија.