Чичарито станува „чекан“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Трансферот на Хавиер Чичарито Ернандез во редовите на Вест Хем е се поблиску од реализација.

Од таборот на „Чеканите“ се подготвени да ја платат откупната клаузула за мексиканскиот репрезентативец од 13 милиони фунти, а во завршна фаза се и преговорите околу платата на играчот.

Чичарито посакува 140 илјади фунти неделна плата, но во моментов се преговара таа сума да се намали, а поранешниот играч на Манчестер Јунајтед да ги добие тие пари врз основа на неговите настапи.