Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Списокот е намален на само 2 имиња, а ова е интересна ситуација.
Покетино кажа дека никогаш не би ја тренирал Барселона, поради минатото во Еспањол, а Алегри останува во Јувентус, исто така и Еусебио не е расположен да го напушти Сосиедад.
И Куман е далеку, а малку кој е сигурен дека тој би бил вистинското решение, па останаа помошникот на Енрике, Унце и Валверде, тренерот на Билбао.
Сега ситуацијата е таква што резултатите би можеле да одлучат. Ако Барселона ја освои ЛШ или титулата, шансите да го наследи Унце својот сегашен шеф се поголеми. Во тој случај, клубот би проценил дека клубот е на вистинскиот пат.
Но ако Барселона остане без трофеи или го освои само националниот куп кој е најмалку вреден трофеј, тогаш тоа ќе му даде повеќе шанси на Валверде.
Играчите би сакале да остане Унце, но ако не освојат ниту еден од двата главни трофеи, тешко дека нивниот збор ќе биде пресуден.
Ќе одлучи Фернандез, а сигурно е дека ќе има промени во тимот, па многу од тоа зависи од парите, но и кој од летните промашувања Барселона ќе успее да го продаде.
Ако остане Гомеш, тогаш нема простор да се донесе Верати кој го сакаат 5 клубови.