Чуден расплет на околностите во Монако: Анри отпуштен, Жардим нов тренер на клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Монако потврдија дека и официјално се разделија со Тиери Анри кого на клупата ќе го наследи Леонардо Жардим кој се враќа во тимот по само три месеци.

Жардим со Монако потпиша две и пол годишен договор, а клубот ќе го преземе од недела, а до тогаш Франк Паси ќе биде на чело на клубот.

„Жално е што се разделив со Монако. И покрај тешкотиите кои ги имав во мојата кратка авантура, јас уживав во овој прекрасен клуб“ –стоеше во дел од соопштението испратено од страна на Тиери Анри.