Чудесен пресврт на Манчестер Јунајтед, шампионот со победа ја заврши 2016!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Мидлзборо со 2:1 во дуелот од 19 коло од англиската Премиер лига и тоа после чудесен пресврт.

Иако Црвените ѓаволи во поголем дел од натпреварите доминираа на крајот до доста маки стигнаа до трите бода.

Имаше тимот на Жозе Мурињо голем број на шанси, на Златан Ибрахимовиќ е поништен голот во финишот на првиот дел, а во 67 минута гостите ги казнија сите промашувања на Јунајтед.

Лидбитер ја заврши одличната акција за водство на гостите од 1:0.

До крајот домашниот тим пробуваше да дојде до позитивен резултат.

Се редеа шанси пред голот на гостите, а потоа за две минути Јунајтед дојде до пресврт и до победа.

Погодија Марсијал и Погба за победа на домаќините од 2:1

Актуелниот шампион Лестер го победи на домашен терен Вест Хем со 1:0.

Во одличниот меч единствениот гол го постигна Ислам Слимани после 20 минути од натпреварот.

Бурнемут ја продолжи агонијата на Свонси и победи на гостување со 3:0.