Чудо од дете: Има само 14 години, а веќе постигна гол во најголемото дерби во Парагвај


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Парагвај вчера беше одиграна една од најголемите дерби пресметки во оваа држава, помеѓу Сера Портена и Олимпија кој заврши без победник, 2:2.

Натпреварот го обележа фудбалерот на Сера Портена, Фернандо Овељар. Станува збор за 14 годишен фудбалер кој го постигна првиот гол на ова големо дерби, со што се запиша во историјата како најмлад играч кој постигнал гол во Парагвај со 14 години, девет месеци и 27 дена.

Стадионот по неговиот погодок буквално еруптираше, а до крајот топката од мрежите се вадеше уште три пати.