Шампионот лесно против Орландо


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Три претсезонски НБА натпревари беа одиграни вчера, а шампионот Кливленд беше подобар од Орландо со 117:102.

    Тајрон Лу ги штедеше најдобрите играчи, Леброн одигра само 13 минути, Лав помина половина минута повеќе, а Ирвинг и Томпсон воопшто не играат.

    Во нивно отсуство заблеска Џордан Мекре со 20 поени, 5 асистенции и 7 скокови, а го следеа Фелдер со 14 поени, како и Холмс и Фрај со по 12 поени.

    Во тимот на Флорида, Грин имаше 19 поени и 4 скокови.

    Јута го победи Феникс во гости со 104:99. Гоубер беше на ниво со 21 поен и 10 скокови, Лајлс постигна 16 поени, а Хејворд постигна 15. Од другата страна Најт имаше 17 поени и 4 скокови, а Ворен постигна 15 поени.

    Клиперс  по дебаклот од Голден Стејт, успеа да го победи Торонто со 104:98.

    Блејк Грифин постигна 24 поени, 5 асистенции и 8 скокови додека на другата страна Дерожан беше најдобар со 20 поени.

    https://youtu.be/2clNpG81Mfw