Шампионот на Италија во јануари ќе се засилува од Челси?


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Шампионот на Италија, Јувентус влезе во трката за фудбалерот на Челси, Бранислав Ивановиќ, и е подготвен во јануари да му понуди годишна плата од 2,3 милиони евра.

    Единствениот услов да се дојде до трансферот е прерходно десниот бек на Јувентус, Стефан Лихштајнер да го напушти клубот, бидејќи Челси нема да има ништо против реализација на трансферот, пренесува „The Sun“.

    На капитенот на репрезентацијата на Србија договорот му истекува на лето 2017. година, најверојатно нема да го продолжи, па трансферот на Апенините би можел да биде полн погодок, посебно бидејќи во последно време не е стандарден во новата формација на Антонио Конте.

    Ивановиќ во Челси пристигна во јануари 2008. година од Локомотив Москва, а интересно е тоа што и тогаш го посакуваше Јувентус.