Шапалов го „уби“ судијата – Операцијата на Габас беше успешна!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако во Дејвис купот на натпреварот помеѓу Англија и Канада доби удар од топката во окото, судијата Арнауд Габас се лекува по операцијата.

Денис Шапалов во обид да го истури својот бес на топчето, го удри топчето кога го погоди Габас во окото, по што доби дисквалификација и 5.600 фунти казна.

Од ИТФ соопштија дека операцијата поминала успешно и дека Габас се лекува во моментов.

По првите прегледи било констатирано дека нема тешки повреди на окото, но дополнителните снимки покажаа дека Габас има пукната коска.

„Сега размислувам само за лекување за да се вратам што е можно побрзо на својата работа.“