„Шарапова би била фаворит на Ролан Гарос“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарната Крис Еверт е восхитена од игрите на Шарапова во Штутгарт, каде стигна до ½-финале по 15-месечна суспензија.

„Мислев дека на Марија ќе и требаат неколку месеци за да се врати. Со ваква игра таа би била фаворит за освојување на Ролан Гарос.“

Иако играше добро на земја, сеуште не се знае дали ќе игра на вториот Грен Слем во сезоната, затоа што пласманот на ВТА ранг листата не и обезбедува ниту квалификации.

Според претходните шпекулации, Шарапова наводно тешко ќе добие специјална покана за главениот ждреб, но вајлд-карта  би можела да добие за квалификациите.

Од понеделник таа конечно ќе има место на ВТА листата, затоа што ќе има 185 бодови и најверојатно ќе биде на 263-та позиција.