Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Русинката Марија Шарапова се врати по суспензијата и заигра на ВТА турнирот во Штутгарт.
Шарапова поради допинг беше суспендирана на 15 месеци, а сега е повторно на терените.
Некои тенисерки сметаат дека е измамничка, а јавно се огласи и Бушар.
„Таа е измамничка, а за такви место во спортот не треба да има! Ова не е во ред. Не е често кон другите играчи кои ги почитуваат правилата и мислам дека ВТА испрати погрешна порака на децата и младите тенисерки.“, изјави Бушар.
„Шарапова е одлична тенисерка и немам ништо против неа. Си ја плати цената за грешите и треба да и се даде можност да се врати. Но без покана за главниот турнир.“, изјави Винчи.
На голем број тенисерки им пречи тоа што Русинката добива покани за главниот ждреб, а тие сметаат дека таа треба да започне од нула и да игра квалификации.