Шарапова се повлече од турнирот во Санкт Петербург (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Руската тенисерка Марија Шарапова нема да учествува на ВТА-турнирот во Санкт Петербург поради повреда на десното рамо.

Шарапова во среда требаше да игра во второто коло против сонародничката Дарија Касаткина, која сега без борба се пласираше во четвртфинале.

Шарапова во првото коло во Санкт Петербург ја совлада Австралијанката Дарија Гаврилова со 6-0 и 6-4.

Петкратната освојувачка на греслем турнирите неодамна на Австралијан опен доби три меча, но во осминафиналето загуби од Ешли Барти со 6-4, 1-6 и 4-6.