Шаховска игра за Бразилецот: Ќе бидат ли доволни 160 милиони ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Времето изминува, а Ливерпул не се предава кога е во прашање судбината на Филип Кутињо.

Утре точно на полноќ се затвара рокот за доведување фудбалери, шансите за Кутињо да премине во Барселона се многу мали, но сеуште ги има, бидејќи се случувале трансфери во „5 до 12“.

Барселона е оптимистички настроена, откако Ливерпул солидно се засили. Го доведоа Наби Кеита и Окслејд Чемберлејн, па затоа „Каталонците“ веруваат дека сеуште може да се оствари трансферот на Фил Кутињо.

Иако од Ливерпул ништо не откриваат, Барселона испратиле понуда од 160 милиони за бразилецот, пренесуваат англиските медиуми.

Не преостанува ништо друго за Барелона освен да чека и да се надева, бидејќи последниот збор ќе го има Ливерпул.