Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шахтјор на домашен терен славеше против Манчестер Сити со 2:1 и така си обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Ваквиот развој на настаните на му одговараше на Наполи кој претрпе пораз од Феенорд и на пролет ќе игра во Лигата на Европа.
Украинскиот тим во водство дојде во 26.минута кога Бернард постигна фантастичен гол. Во 32. минута веќе беше 2:0 по катастрофалната грешка на Едерсон која ја искористи Исмаили. Агуеро го постави конечниот резултат во судиското продолжение со гол од белата точка.
Во вториот натпревар од оваа група Наполи беше поразен од Феенорд со 2:1 со што и дефинитивно отпадна од комбинација за елиминационата фаза.