Швајни се огласи по враќањето на тренингот: Чувството е прекрасно, ќе ја надминеме кризата


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Долго време Бастијан Швајнштајгер беше црна дамка на Жозе Мурињо, но очајните резултати на „црвените ѓаволи“ го принудија португалскиот стратег искусниот германски играч да го врати во тимот.

    Така, популарниот Швајни започна да тренира со екипата, а по првиот тренинг по долгата пауза, Германецот истакна дека е пресреќен поради враќањето и дека ќе се докаже дека ова е силен тим кој може да ја надмине кризата.

    „Чувството денес беше одлично! Тимот е одлично подготвен, а резултатите ќе пристигнат“, напиша 32-годишниот Швајнштајгер.

    Англиските медиуми шпекулираат дека Швајни наскоро ќе има и прилика да се докаже и тоа во првиот состав на тимот од „Олд Трафорд“.