Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бастијан Швајнштајгер помина низ пекол во Манчестер Јунајтед.
Со доаѓањето на Жозе Мурињо на кормилото на Манчестер Јунајтед, 32-годишниот фудбалер е отпишан од клубот, а кариерата со тимот од „Олд Трафорд“ ја заврши.
Таквиот статус во Јунајтед го привлече вниманието на многу тимови, а конечно германскиот играч одлучи кој да биде неговиот нов тим.
Германските медиуми тврдат дека од јануари Швајни ќе игра во американската МЛС лига.
Иако се одлучи за заминување во САД, Германецот се уште не пронајде нов тим, а се шпекулира дека тоа ќе биде ЛА Галакси или некој од тимовите од Њујорк.