Швајцарија и Бразил се пласираа во осминафинале! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразил не остави простор за изненадување во средбата против Србија, па триумфираше со 2-0 и така си обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Русија.

Резултатот го отвори Паулињо, по асистенцијата на Филипе Кутињо во 36. минута од натпреварот. А конечните 2-0 ги постави Тијаго Силва, по одличниот корнер на Нејмар.

Во вториот натпревар од групата, Швајцарија и Костарика одиграа возбудлив натпревар, а на крајот средбата заврши 2-2.

Швајцарците на двапати имаа водство (1-0 и 2-1), но репрезентативците на Костарика се вратија во игра.

Швајцарија го отвори резултатот преку Блерим Џемаили во 31. минута од средбата, а Костарика израмни во 56. минута преку Кендал Вотсон.

Швајцарците стигнаа и до второ водство (2-1) преку Јосип Дрмиќ, но во последните секунди од мечот, Костарика имаше пенал, од кој стрелаше прецизно Брајан Руиз за 2-2.