Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Репрезентацијата на Швајцарија е 27-миот учесник на Светското првенство што следната година ќе се игра во Русија.
Швајцарците успеаја да ја сочуваат предноста против С. Ирска од Белфаст (0:1) и со реми без голови го заверија пласманот на Светското првенство.
По тешкиот терен и лоши временски услови немаше квалитетен фудбал, но одмаќинот уште еднаш беше подобар ривал, па пласманот на завршниот турнир може да се смета како заслужен.
За Швајцарија ова ќе биде 11. учество на Мундијалите, а најголемиот успех го оствариле во 1954 година со пласманот во четврт-финалето.